еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Власта со Кривичниот законик простува даночни измами: Општа амнестија на мала врата

Владата не планира нова амнестија и нема договор со опозицијата за проширување на опсегот на амнестирање на лицата кои сториле кривични дела преку измени во Кривичниот законик, изјавија од Владата пред неколку дена на гласините во јавност дека амнестија ќе добијат и лица обвинети од „бомбите“ во случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Со ваквата изјава Владата изврши голема манипулација врз македонските граѓани, бидејќи оттаму не кажаа дека во истиот закон во член 279-а се предвидува: “Тој што со намера за себе или за друг да стекне противправна имотна корист, на даночниот орган ќе му даде лажни податоци во даночната пријава, со што ќе го доведе во заблуда даночниот орган, со цел неоснованo да побара враќање на данок или намалување на обврска за данок, од поголема вредност, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична казна“.

Според анализи од правници, измените на член 279-a од Кривичен законик директно влијаат на дела чиј опис одговара на криминалите од предметот „Тотал“ и многу други предмети на СЈО.

Со измените, бидејќи за тоа дело е предвидена казна од 3 години, ќе застари на 6 години откако било сторено.

На тој начин, на мала врата власта ја проширува амнестијата и на случаите на СЈО, иако само пред неколку дена излезе со став дека нема проширување на опсегот на амнестијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Со спорниот член 279-а од Кривичниот законик се врши директен упад во случаите на СЈО

Кој се ќе се „спаси“ од СЈО: Собранието ги донесе по скратена постапка измените на Кривичниот Законик

Ќе се спасат ли од затвор Канческа, Авировиќ, Кочан: На Комисија експресно поминаа измените на КЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Buffy – путер за туширање од Lush: За мека, мазна, затегната и хидрирана кожа со здрав сјај

Редакција

Лукашенко нареди целосна борбена готовност поради обидот за вооружен бунт во Русија

Редакција

Италијанската фирма бара околу 8 милиони евра отштета за раскинување на договорот за изградба на новиот Клинички

Редакција