еМагазин
Image default
Македонија

Влатко Стефановски го прашаа дали песната “Македонско девојче” ќе се пее како “Северно македонско девојче”

Еден од најпознатите македонски и балкански музичари, Влатко Стефановски во интервју за Спутник Србија доби и политички прашања, поврзани со новото име на Македонија, кое е предвидено со Договорот со Грција.

Новинарката на “Спутник” го праша Стефановски дали позната македонска песна “Македонско девојче” сега ќе се пее како “Северно македонско девојче”.

“Тоа не знам навистина да ви кажам. Процесот се уште не е завршен, ќе видиме како ќе се заврши. Нема да има “Северно девојче” сигурно. Песната ќе остане песна и така да не знам што да ви кажам на таа тема. Прилично сме блокирани од сите страни. Се надеваме дека ќе ги пробиеме сите тие блокади и дека ќе тргнеме кон некој подобар живот”, одговори Стефановски.

Фото: Спутник Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: Неопределените и тие што нема да гласаат пред ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Редакција

Вкупно 48 заболени од корона вирусот: Шест нови, од кои и четиригодишно девојче од Штип

Редакција

Општина Битола доби владина поддршка за справување со штетите од земјотресот

Редакција