еМагазин
Image default
Бизнис

ВМРО-ДПМНЕ ја прашува Владата дали Нина Фити е вработена како претставник во Светска банка

Ќерката на Таки Фити, Нина Фити од страна на Владата е испратена да работи во Светска банка во Вашингтон како претставник на Република Македонија, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

“Ова се информациите кои ги добивме, но засега Владата не одлучи да и соопшти на јавноста кој е новиот претставник на земјата во Светска банка.

Вработувањето на Нина Фити коинцидира со менувањето на ставот на Таки Фити во однос на промената на името на Република Македонија. Академикот Фити кој беше изразито против промена на името на државата и промената на Уставот го нарекуваше обезличување на Македонците, наеднаш го промени својот став и промената на Уставот за него стана разбирлива и прифатлива работа:

„Ерга омнес, односно име за севкупна употреба, никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата Влада ќе мора да се избори за решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менување на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација“, кажа Фити на 12 јуни оваа година.

Потребни беа само 3 месеци, Академикот Фити дијаметрално да го промени својот став, па на 11 септември оваа година во однос на промената  на името истиот кажа:

„Постигнато е она што беше релевантно за МАНУ – тоа се идентитетските прашања, јазикот, нацијата, културата и тоа се економските придобивките кои Република Македонија ќе ги има од склучувањето на договорот“.

Владата е должна да одговори дали Нина Фити е вработена како претставник на Македонија во Светска банка?

Дали вработувањето – испраќањето на ќерката на Фити од страна на Владата како нејзин претставник во Светската банка во Вашингтон е главната причина на дијаметрално спротивниот став на академикот?

Заев и Фити мора да одговорат дали испраќањето на Нина Фити е цената за позитивниот став на академикот Фити кон капитулантскиот договор, за кој и самиот го кажуваше дека ќе доведе до обезличување на Македонците?“, изјави денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добивката на Гранит лани пораснала за 139%

Редакција

Решен проблемот со парното во Скопје Север

Редакција

Сител, Канал 5, Алсат-М и Алфа лани работеле со добивка, Телма со загуба

Редакција