еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт ќе основа ново министерство

ВМРО-ДПМНЕ информира дека кога ќе дојде на власт ќе основа ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата.

„Тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми бирократијата. напротив ќе ја намали бирократијата, и ќе го намали бројот на министерства кои што сега се покажаа како нефункционални и непотребни во државната структура.Министерството за енергетика ќе биде клучно за развојот на овој стратешки сектор во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да врши издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стриктно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето и заштитата на животната средина,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу пријави до Антикорупциска комисија за непотизам, кронизам, клиентелизам и партиска поврзаност

Редакција

Убава вест: Оздравени 2.308 болни од Ковид-19

Редакција

„Ле Монд“: Проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е блокирано од Франција, Германија и Холандија

Редакција