еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара итна собраниска седница за разрешување на Јанева

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање потпишано од 20 пратеници за свикување итна седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски изјави дека денеска тие, според Деловникот, побарале итна седница на Собранието со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Согласно член 67 став 2 и член 68 став 2 од Деловникот на Собранието по барање на 20 пратеници, гоподинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева. Инсистираме тоа да биде денеска, а не како што најави Џафери за два -три дена, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Јанева, рече Мицевски.

Праша зошто СДСМ не сака да биде разрешена Катица Јанева, ако тоа е веќе констатирано од Советот за јавни обвинители и од Комисијата за прашања на изборите и именувањата и дали со штитење на Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Што ќе ни се Собранието и пратениците кога на лидерски средби се решава судбината на СЈО и на државата?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за здравство бара да се избегнат погребните ритуали за Амди Бајрам бидејќи бил позитивен на Ковид-19

Редакција

Дојава за бомба и на скопскиот аеродром

Редакција

Тасевски: Заминувам од кормилото на Драмски со убави спомени и крената глава

Редакција