еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ бара, СДСМ одбива: Како треба да изгледа техничката влада според „Пржинскиот модел„

Од ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на состанокот на Централниот комитет, синоќа, ги повторија своите барања во врска со евентуалните предвремени избори.

Партијата останува на ставот за формирање влада по пржинскиот модел со мандат од 100 дена пред изборите, барањето за формирање на Анкетна комисија во Собранието која треба да ги истражи нерегуларностите на референдумот и смена на јавниот обвинител и именување на нов од опозицијата, кој ќе ги истражи нерегуларностите на референдумот.

Од СДСМ вчера ги одбија овие барања на ВМРО, а за премиерот Зоран Заев истите се апсолутно неприфатливи.

“Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави Заев, кој рече дека нема ниту причина, ниту потреба да се дискутира за вакви работи.

„Самите институции дадоа свои коментари. Да се бара комисија која ќе провери дали референдумот бил законски, дали имало законитост во неговото спроведување и слично во услови кога претседателот на ДИК е од ВМРО-ДПМНЕ, како и Управниот суд, во кој нема сменето ниту еден член, само по себе кажува што всушност се сака со ваквите барања„, рече Заев.

Зошто се против барањата на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за телевизијата Телма објасни и вицпремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

“Ние имавме апслоутно право и аргументи на секое барање на ВМРО-ДПМНЕ да кажеме не. Но, прашањето не е до каде ти стига партискиот интерес, туку интересот на државата.

Нашата одлука да вградиме Пржинска влада беше да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира ДИК и да не дојде до референдумот. Ние немаме проблем техничка влада да спроведе избори, зошто ние не крадеме.

Законот за Влада е закон кој ние ќе го почитуваме. Меѓутоа мораме да го почитуваме и Уставот кој вели дека кога имате предвремени парламентарни избори, не смеат да поминат повеќе од 60 дена од распуштањето на Собранието и изборите. ВМРО-ДПМНЕ сака да направи се за да оваа година нема избори, зашто знаат дека ќе изгубат. Нивните барање се бегање од избори“, рече Шекеринска.

Што предвидува „Пржинскиот модел„

Измените на Законот за влада, во кои е вграден „Пржинскиот модел“ предвидуваат 100 дена пред денот на одржување на избори за пратеници во Собранието, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија да избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство (во актуелната ситуација некој од СДСМ).

Предвидено е и да се избере нов министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика на предлог на опозицијата со најголем број на пратеници во Собранието, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија (во актуелната ситуација кадри на ВМРО-ДПМНЕ).

Оваа „пржинска влада“ предвидува и дополнителни заменици министри за надворешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката гарнитура (во актуелната ситуација кадри на СДСМ или ДУИ).

На предлог на опозицијата ќе има дополнителни заменици министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество (во актуелната ситуација кадри на ВМРО-ДПМНЕ).

Примената на овој модел пред сите избори беше договорена на 23 јули годинава во Клубот на пратеници, на лидерска средба помеѓу четирите најголеми политички партии.

Собранието по два дена ги изгласа овие измени со 99 гласа „за“.

Моделот за прв пат беше применет пред последните парламентарни избори, кога технички премиер беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ, која тогаш беше во опозиција меѓудругото доби министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мириса на нов бојкот

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада, нов јавен обвинител и комисија се неприфатливи

И официјално: ДУИ не е за предвремени избори, бара да се прифати Преспанскиот договор

За ВМРО-ДПМНЕ резултатот од референдумот е фалисификат, ќе поднесе кривични против 200 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бардовци доби крчма „Жуто Комбе“

Редакција

Сомнителниот пациент од Италија тестиран на Инфективната клиника во Скопје нема корона вирус

Редакција

29 од новопочинатите од Ковид-19 со претходни заболувања, 1 лице починало надвор од болница

Редакција