еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бараме правда, а не амнестија за 27.април

Од самите почетоци ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека случајот 27-ми април е политички фабрикуван случај без докази, без аргументи и дека е наменет за политички притисоци, изјави на прес конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, по повикот на премиерот Зоран Заев за помирување и проштевање за настаните од 27.април во Собранието.

„50-тина луѓе со месеци се предмет на политички прогон со цел Заев да може да тргува со нивната слобода, а за возврат да бара поддршка за договорот со Грција за преименување на Република Македонија.

Со месеци луѓе се држат во притвор, пратеници, уметници, обични граѓани беа жигосувани за терористи. Невини луѓе станаа жртва на прогонот на Заев.

Ова јасно покажува дека власта не само за 27-ми април, туку и за други случаи против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ води политичка хајка само за да тргува за нивната слобода. Крајно неморално и крајно неетички.

Ова е исто така и порака до судскиот систем и обвинителството. Им се суди на невини луѓе, тоа не се терористи. На овие луѓе им е потребна правда, на Македонија и е потребна правда и правичност, не политички монтирани и фабрикувани случаи.

Заев треба да им се извини на семејствата кои се под политички прогон, режиран токму од самиот Заев и власта. Ова мора да престане и само така може да има помирување.

Правдата мора да стигне и затоа бараме нова обвинителска институција која ќе ги истражи сите случаи каде има сомнеж за нарушување на законот и која непристрасно ќе ги анализира фактите и доказите. Еве прилика на Заев да докаже дека е за вистинско помирување и за правда без никакво условување.

Ослободете ги луѓето од политичкиот прогон и од притворот и овозможете правда за овие луѓе со гаранција на нивната презумција на невиност„, рече Јанушев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актерот Јовановски го одби Заев: Јас не се чувствувам виновен и не барам милост!

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

460 нови случаи на Ковид-19 од 2.424 тестирања

Редакција

Струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски на распит за „Рекет“

Редакција

Укинување на ковид-сертификатите при влез во Македонија, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција