еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Јанева од притвор ќе беше смешна

По одлуката поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да оди во домашен притвор, со реакција се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ.

“Да ја најдеа торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа.

Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна.

Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот Рекет.

Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба.

Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони.

Повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев.

Ова не е правна држава. Ова мора да се смени и ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Каде Катица Јанева ќе биде во домашен притвор

„Аирлија нов бегалец„: Твитер реакции за одлуката Катица Јанева да оди во домашен притвор

Рускоска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Заев за пуштањето на Јанева од затвор: Притворот не треба да биде казна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ пред средбата со Путин: Не се мешам во внатрешните работи на Македонија, но НАТО и ЕУ да покажат поголема почит

Редакција

Земјотрес во Романија почустуван и во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Заев откри злоупотреби: Лекари издавале фиктивни рецепти, а со лековите се тргувало

Редакција