еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се прифатени дел од нивните забелешки за СЈО

Во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека наводно се прифатени дел од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на преговорите за законските нормативи од областа на обвинителството сакаме да демантираме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Прво, или господинот Заев го нема прочитано новиот предлог кој министерката за правда, Десковска го достави до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ или пак Заев продолжува свесно да не ја говори вистината во јавноста и фингира дека наводно власта е кооперативна.

Второ, неприфатлива е реториката на власта и принципот земи или остави кои не одат во интерес на процесот.

И трето, власта може на вештачки начин да оформи двотретинско мнозинство како што и практично покажа во изминатиов период, но тоа нема да донесе квалитет на реформите, ниту пак ќе им даде легитимитет без договор со ВМРО-ДПМНЕ.

Евентуално такво водење на процесот подразбира покажување на мускули во политиката и никако не може да биде реформа туку алатка за пресметка на Заев со политичките неистомисленици“, велат од партијата.

 ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прифатени голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО, „бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова лидерска средба кога СДСМ ќе соопшти кој предлог го прифаќа од двата понудени, вели Мицкоски

Редакција

Поблаги казни за обвинетите во „Трезор“, се менува кривичното дело за случајот

Редакција

39 нови случаи на Kовид-19 од 817 тестирања

Редакција