еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ ги тераше пензионерите на скијање, СДСМ допрва да отвораат мејлови

Минатата власт ги праќаше на бесплатно скијање, оваа ги тера да попoлнуваат електронски пријави. Се кладам дека некоја наредна власт ќе измисли пензионерска вселенска програма и ќе прати пензионерска експедиција на Марс.

Ова е само еден од стотиците коментари на социјалните мрежи со кои се оценува новиот начин на проверка за платени даноци што го воведува Управата за јавни приходи односно електронската даночна пријава.

Имено, колку и да е олеснувачки што наместо писмени се воведува електронски даночна пријава, тоа ќе им создаде потешкотии на постарите лица и оние кои се технички непотковани.

ШТО ПРЕДВИДУВААТ НОВИТЕ ПРАВИЛА

За да може УЈП да ја достави пополнетата Годишна даночна пријава на увид на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, како и за да можат граѓаните да ја исполнат својата законска обврска – да ја потврдат точноста или да ги коригираат податоците од пополнетата Годишна даночна пријава преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до 31 мај 2019 година, потребно е навреме да се регистрираат на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk.

Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по кој било основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.

Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на искажаните од исплатувачите, а со цел да се спречи евентуална злоупотреба во врска со нивните лични податоци и примања.

КАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРАТЕ

• Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име (user name) за ваша најава на системот e-pdd.ujp.gov.mk и ќе ви служи за комуникација со Управата за јавни приходи.

• На најавната страна на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk има дел за регистрација на нов корисник на системот. Со влегување во овој дел од системот, ќе се отвори мени во кое треба задолжително да ги внесете своите идентификациони податоци.

• Со првата регистрација на системот може да пријавите и свој полномошник кој ќе го ополномоштите за: поднесување на електронска пресметка преку системот е-Персонален данок и/или за потврдување и корекција на пополнетата Годишна даночна пријава. Полномошникот може да биде само лице кое е веќе регистриран корисник на системот e-pdd.ujp.gov.mk.

• Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира вашето Барање за регистрација на системот е-Персонален данок, кое треба да го испечатите и да го поднесете во надлежната даночна канцеларија на УЈП, при што треба да дојдете лично вие и да приложите документ за идентификација или пак да дојде лично вашиот полномошник и да приложи документ за негова идентификација и полномошно заверено на нотар.

Службено лице од УЈП ќе ја верифицира вашата регистрација на системот е-Персонален данок.

НАПОМЕНА: Оваа постапка ја спроведувате само еднаш при регистрацијата на системот е-Персонален данок, а е неопходна заради верификација на валидноста на креираниот профил и заштита на доверливоста на вашите лични податоци.

• Ако вие или избраниот полномошник не сте евидентирани како даночен обврзник во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, потребно е претходно да се регистрирате како даночен обврзник, со поднесувањена Пријава за регистрација УЈП-РДО и доставување на документ за идентификација на увид во даночна канцеларија на УЈП.

Граѓаните (физички лица) кои се веќе регистрирани на системот е- Даноци не треба да се регистрираат на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk.

„Имајќи предвид дека на системот е-Персонален данок до сега се регистрирани 13 илјади граѓани, а се очекува до крајот на оваа година да се регистрираат над 400 илјади граѓани, апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП“, велат од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП ќе го наплати долгот за неплатен данок од фирмите кои се поврзуваат со Мијалков, вели Лукаревска

Редакција

Студентски отпор не се согласува со новиот начин на исплата за субвенционираниот оброк

Редакција

На избеганиот Груевски за сега му плаќаме 4 адвокати и му даваме пратеничка плата

Редакција