еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето на мајката на Костадин Костадинов во Централен регистар на Струмица

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето во Централниот регистар на Струмица на Фанија Костадинова, мајката на Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Ова е голем успех на Костадинов, на СДСМ, на Централната власт, со кој што општинската власт се здоби со млад, свеж, мотивиран, образован кадар, за плата од 25.000 денари врз основа на средното образование и никакво искуство, како што впрочем е побарано во распишаниот оглас! За ова вработување и синот – портпарол вели дека ниту СДСМ ниту тој лично имаат некаква врска.

На овој начин власта на СДСМ се бори за професионална администрација во полза на граѓаните, вака власта се бори за департизација на администрацијата, вака се бори за транспарентност кон евроатланските вредности! Со вработувањето на мајката на партискиот портпарол, следствено неодамнешното вработување на неговата тетка во струмичката општа болница, не застанува партискиот пат кон Европска Македонија“, изјави Стоилковски.

Тој додаде дека „овој придонес кон европеизација на администрацијата дадоа и пополнувањето на неопходноста од кадри како ќерката на Талат Џафери, синот на  Мирослав Грчев, сопругот на Магдалена Несторовска, син на Љубомир Фрчкоски.“

„На локално ниво кон Европска Северна Македонија допринесуваат и двете внуки и зетот на прилепскиот градоначалник, братот на битолската градоначалничка, сопругите на градоначалниците на Берово и Неготино и низа други партиски итни и неопходни нови административци“, потенцираше Стоилковски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ реагира, но не ја демантира веста за вработувањето на мајката на Костадинов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документи со новото име граѓаните ќе добиваат откако МВР ќе направи набавка

Редакција

(Фото) Како не треба: Џафери, Бектеши и Дехари без маски, во група, во затворен простор

Редакција

Вучиќ: Македонија и името си го смени, па не ја примија во ЕУ, а им ветуваа кули и градови

Редакција