еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се „спукаа“ околу „бомбите“: Кој е поголем криминалец?

Двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија во „костец“ по објавата на серија аудио и видео снимки или таканаречени „бомби“ во текот на изборната кампања.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев отфрли поврзаност со новата аудио бомба на која наводно се слушаат гласовите на Зоран Милески Кичеец и црногороски бизнисмен и изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го инволвира со разговори меѓу трети лица. Тој вели дека работи чесно и е целосно посветен на својот народ.

Истовремено, Заев вели дека дека снимките во кои се слуша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јасно укажуваат на сторен криминал од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека новите снимки јасно покажуваат коруптивни активности кај Заев.

„Зоран Заев треба да оди во затвор поради очигледен криминал. Земал 300 илјади евра за поткуп за споведување на референдумот против волјата на граѓаните. Заев земал 300 илјади евра поткуп за македонско земјиште во Тетово и Штип. Заев влегувал во нечести игри не само со подземјето со кое што раководи, туку и бесрамни односи со бизнисмени“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО- ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли „нуклеарки“ или само „димни бомби“ до крајот на кампањата?

(Аудио) Нова „бомба“ со Зоран Милески Кичеец: Се спомнуваат 300.000 евра и имиња на функционери

(Аудио) Нова „бомба“ со Мицкоски: Бизнисмен му помагал кога му било најтешко

(Видео) „Лепливи раце“ објави нова „бомба“: Ден Дончев снимен како зема пари

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Битем“ го доби тендерот за изградба на заштитна ограда на битолската обиколница вреден 593.000 евра

Редакција

Актуелните мерки за влез во Грција продолжени до 22 јули

Редакција

Во велешката болница од Ковид-19 почина жена,150-та жртва од почетокот на пандемијата

Редакција