еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Иднината не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја

Народот не се согласува овој септември да биде последниот во кој што ќе се слави независноста на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „народот го прочита Заев во неговата намера да ја избрише историјата, традицијата и културата и затоа ја избегна прославата на која што треба да се промовира промената на Уставот и идентитетот.“

„Иднината на Република Македонија не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја, пријател на Македонија. Националниот идентитет не смее да биде монета за поткусурување на неспособни политичари кои се заинтересирани само да си обезбедат стипендии за своите деца.

Името не е сопственост на криминалци на кои им е важно само да ограбат што е можно повеќе пари од граѓаните додека се власт.Владиниот тим не беше во состојба да направи разлика помеѓу знамиња на две различни држави при официјална посета на највисоко ниво. Канцеларот на Австрија Себастијан Курц беше непријато изнанаден од пречекот со знамето на Латвија. Аматеризмот и несериозноста на СДСМ ја посрамоти Македонија“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски бара слобода за Ламбе Алабаковски

Редакција

Нови 299 случаи на Ковид-19 од 2.628 тестирања

Редакција

Убава вест: 105 оздравени од Ковид-19

Редакција