еМагазин
Image default
Бизнис

ВМРО-ДПМНЕ: Кочо Анѓушев преку „Брако“ доби уште еден тендер за медицинска опрема

Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат вицепремиерот за економија Кочо Анѓушев дека зел уште еден тендер за медицинска опрема. Од таму велат дека „Анѓушев преку неговата компанија „Брако“ во јануари годинава склучил договор од 665.000 денари со психијатриската болница „Негорци од Гевгелија“.“

-Најновите информации што излегоа во медиумите покажуваат дека Кочо „четири очи” Анѓушев, преку својата компанија „Брако” ја снабдил со медицинска опрема во јануари оваа година психијатарската болница „Негорци” од Гевгелија. Договорот изнесувал 665.000 денари. Државните пари од институциите одат директно во фирмите на Кочо „четири очи”.

Нема институција каде што Кочо „четири очи” не може да склучи договор во четири очи самиот со себе, односно он како сопственик на фирмите и од другата страна исто така он како втор човек на Владата која ја води Република Македонија“ изјави  Димче Арсовски денеска на прес конференција.

Арсовски вели дека е доволно е од приказните дека Кочо Анѓушев е успешен бизнисмен кој отиде во Владата да помогне на стопанството и економијата.

-Најмалку што може во моментов Кочо Анѓушев да направи е да си даде оставка и сам да отиде во јавното обвинителство и да ги пријави сите свои случаеви каде што неговите фирми склучувале договори со државата откако е вицепремиер, бидејќи ова не е првпат. Во 5 последователни вакви постапки, Кочо Анѓушев ја снабдува државата со нафта, со кревети, со софистицирана болничка опрема, ограда за автопати. Укинувањето на законот за јавни набавки беше најдобриот проект на Владата за Кочо “четири очи”да може да работи – порача Арсовски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојков Дарко доби на подарок акции на Раде Кончар-Апаратна техника

Редакција

Колку пари чуваат граѓаните во НЛБ Банка

Редакција

Поскапе ли рускиот гас во Македонија?

Редакција