еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори зашто размислува за победа. Очекувам масовна поддршка за Гордана Силјановска-Давкова и таа е идниот претседател на Македонија, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „Печат на неделата“ на телевизијата 1ТВ.

„Повеќе се плашам за бојкот од СДСМ и ДУИ во вториот круг, откога ќе ги видат резултатите во првиот. Веднаш по поразот на претседателските избори СДСМ сакала-нејќела ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Коментирајќи го договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за заеднички претседателски кандидат, одговори дека е убеден оти  тој е „најмалку консензуален кандидат“.

“Тој кандидат е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на  претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на политичарите од овие две политички партии. Јас сум сигурен ако излезат со посебен кандидат ќе изгубат од Силјановска“, рече Мицкоски.

За учеството во процесот „Жан Моне“ посочи дека не го напуштаат туку го замрзнуваат во услови кога, како што рече, „имаме терор врз политичката група на ВМРО-ДПМНЕ“ и кога во Собранието има обид да се симне имунитетот на деветти пратеник од нивните редови и поранешни министри од нивната партија без докази. Го повика и премиерот на разговор за, како што рече, да се смират ситуациите и да се види како ќе се одвиваат работите.

Во однос на натамошното постоење на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Мицкоски рече дека такво тело е во интерес на граѓаните, но дека СЈО е алатка против ВМРО-ДПМНЕ.

“Во интерес на граѓаните е да проодолжи да постои тело кое ќе гони висок криминал во оваа дражава. Но не можеме да кажеме дека ќе поддржиме тело какво што беше СЈО и кое го води овој специјален  јавен обвинител. Затоа што се користи како алатка против ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски, Димитров или Спасовски: Кој ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател

Нема меѓупартиски компромис: Откажана претстојната рунда дијалог во рамки на процесот “Жан Моне“

Има ли несогласувања помеѓу СДСМ и ДУИ: Законот за СЈО никако да стигне на седница на Влада

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 26 оздравени од Ковид-19

Редакција

За четири години 107 функционери го искористиле правото на апанажа, најмногу пратеници

Редакција

СДСМ ќе го разгледа барањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските

Редакција