еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат за непотизам

Повеќе од две недели државата ја тресе најголемиот скандал на непотизам во Република Македонија предизвикан од СДСМ. Заразата со епидемијата на непотизам се шири многу полошо од што можевме сите да замислиме, изјави денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

“Две недели граѓаните без страв и со гнев кон СДСМ и власта ни ја откриваат најголемата мрежа на партизација на државната администрација и тоа со најблиските роднини на највисоките државни функционери на власта кои потекнуваат од редовите на СДСМ.

Денес ќе ви презентирам нови 4 случаеви од СДСМ заразени со оваа епидемија, а изворот на зараза се двајца пратеници од редовите на СДСМ, кои ги заразиле односно вработиле нивните роднини.

Верувале или не и пратеникот Сашко Атанасов од Василево не останал покус во однос на своите колеги. Откако е пратеник си ги вработил своите блиски братучеди Ѓорѓи Иванов како наставник по англиски во ОУ Гоце Делчев и Зоран Атанасов исто така како наставник по физичко во истото училиште Гоце Делчев во Општина Василево. Додека пак, третиот што го вработил, односно третата е кој ако не неговата кума која што пратеникот ја вработил во општината во Василево.

Не заостанува и неговата колешка од Тетово Татјана Лалчевска која што е пратеник од редовите на СДСМ. Таа замислете ја вработила својата ќерка во детската градинка Младост.

Кои се критериумите според кој овие роднини на овие пратеници се вработени?

Ова нема крај. Ова навистина нема крај.

Обичниот народ трпи за сметка на функционерите на СДСМ.

Секакво лажно морализирање, секаков лажен морал, а лажен е затоа што СДСМ викаат дека дел од роднините на Мира Дизел си дале откази, а дел не, самото тоа ни покажува дека нив воопшто не им е гајле за граѓаните и единствено се грижат да ги вработат своите роднини на убави места со високи плати.

Единствената причина за тоа е поразот на изборите кои следат и сега брзаат да си ги вработат сите свои роднини. Само поразот на СДСМ на изборите кои што следат е лекот за оваа епидемија на непотизам која ја шират, на сметка на обичните граѓани“, рече Арсовски.

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ да побара повлекување на нивни роднини вработени во администрацијата

На прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ реагираа од СДСМ.

“Мицкоски втор ден молчи, нема образ ниту одговороност пред граѓаните. Мицкоски не ги повикува роднините во ЕЛЕМ и во администрацијата да се повлечат од работните места кои ги добиле поради близината со него и со ВМРО-ДПМНЕ.

Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри. Ние бараме и наоѓаме решенија за партиска администрација по мерит систем.

Не се сите исти.

Тие создадоа роднински чворови – цели списоци, илјадници нивни роднини се вработија на државна сметка. Ние ги повикуваме нашите членови на етика и морал и веќе имаме повлекувања од работните места.

СДСМ е против партизација и против непотизам. Акцијата тргна, нема назад.

Ајде Мицкоски, повикај го твојот прв братучед да се повелече од ЕЛЕМ турс. Повикај ги Мицкоски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од нивните роднини кои се пикнати по државни компании и во јавната администрација.

Повикај ги роднините на пратеникот Антонио Милошоски да се повлечат. Снаата на пратеникот Антонио Милошоски, жена на неговиот брат, Александра Милошоска е вработена во Управата за јавни приходи. Вујкото на Милошоски, Владимир Коруновски евработен во Агенцијата за катастар. Братучедот на Милошоски пак, Станко Коруновски е вработен во Централен Регистар. Првата брачудетка на Милошоски, Елизабета Коруновска директор на основно училиште, а зетот Марјан, е раководител во државната компанија МЕПСО.

Фамилијата на Милошоски е класичен пример за непотизам од сериозни размери. Роднински јазли поставени на работни позиции кои се финансираат од парите на граѓаните, од Буџетот на државата.

Ајде ВМРО-ДПМНЕ, ајде Мицкоски, имаш ли образ?

Повикај да се повлечат твоите роднини и роднините на Антонио Милошоски од морални и етички причини.

Ние од СДСМ слушаме јавноста и реагираме. Вие Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ се криете во белиот дворец откако натрупавте проблеми во државата.

Време е да почне повлекувањето на роднините, во име на борбата против непотизмот“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Само јас имам 100 братучеди, дали тоа значи дека сите тие додека трае мојот мандат не смеат да се вработуваат

„Зошто откази за роднините? Признавате непотизам? Нели се беше легално?“: Твитер за отказот на мајката на Костадинов

Твитер бара да се прогласи епидемија на непотизам: „Добро утро ВладаМК, чиј син, сват, ќерка, жена ќе вработите денес?“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Митко Јанчев: „Дај Боже да сме сите како Зоран Заев, државата ќе ни стане Швајцарија“

Редакција

81,2% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

Велес и Прилеп нови места со лица заболени од коронавирусот: Како изгледа мапата по градови

Редакција