еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека неколку фирми во стечај на мајката на Костадинов се избришани од регистар

Без паника и страв, а во име на транспарентноста и отчетноста, и во име на штитењето на јавниот интерес, Костадин Костадинов, а и СДСМ, треба да одговорат дали за вработувањето на овој свеж, мотивиран кадар без врски во Струмица, како предност и висококвалификувано искуство е земено туркањето на семејни фирми во стечај, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Односно, зошто од регистарот во 2013 година е избришана фирмата „Фани екстра“ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица, регистрирана за трговија со пијалаци? Зошто е поведена стечајна постапка преку УЈП за фирмата „Фани логистик“ ДОО, за трговија со пијалаци на големо, а субјектот е се уште во постапка за бришење? Зошто е поведена стечајна постапка и бришењето на „Деликатес Фани“ ДООЕЛ Струмица, уште една семејна компанија на Костадинови?

Зошто е поведена стечајна постапка и е избришана од трговскиот регистар „Интер метал метн“ ДООЕЛ Струмица, уште една од низата семејни компании на Костадинови, чиј што сопственик и управител најчесто е Фанија Костадинова, мајка на партискиот портпарол, поранешен ВД градоначалник на Струмица, поранешен Советник во општината, а сега пратеник во Собранието на РМ и портпарол на СДСМ?

Стечајна постапка се поведува како последица на ненамирување на обврските кон добавувачите, значи долгови кои не можат да се сервисираат. Ваква низа на фирми во стечај и избришани од Регистарот во една потесно семејство, отвора сомнежи и остава место за прашање дали имало можност за намерно туркање во стечај и со тоа остварување на лична добивка?“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека, вработување на млад човек во Струмица со завршено средно образование ќе значи многу повеќе за некое семејство, отколку вработувањето на мајката на пратеник и партиски функционер!

„Oсобено ако примениот зад себе има неколку компании во стечај! Веруваме во фер шанса за вработување за секого, но непотизмот во ваква најсурова смисла е врв на лицемерието на оваа власт која што не само што лажно се колне во европски вредности, туку е и бесрамна во случаи кога е фатена во лага“, додаде Стоилковски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше институциите

ВМРО-ДПМНЕ и го честита вработувањето на мајката на Костадин Костадинов во Централен регистар на Струмица

СДСМ реагира, но не ја демантира веста за вработувањето на мајката на Костадинов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено рочиштето за Ел Чека, одбраната бара изземање на судијката Кижевска

Редакција

За неносење маски 746 казни во изминатото деноноќие

Редакција

Апасиев се самопријави за „црната листа“ на американскиот претседател Бајден

Редакција