еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Синот на Цветанка Иванова добил тендер од државата за чистење на патиштата во Источна Македонија

Синот на генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова добил тендер од државата преку фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица од државата за чистење на патиштата во источна Македонија, обвини денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Синот на Цветанка Иванова, кој воедно е и бизнис партнер на Трајче Заев, под сомнителни околности добива тендер, без да ги исполнува потребните услови и критериуми кои се бараат во истиот Имено, фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ СТРУМИЦА која е во сопственост на синот на Иванова, најпрвин го добила тендерот после повторна евалуација на 8 ноември годинава, па дури после 12 дена на 20 ноември склучува договор со грчка фирма за набавка на потребната механизација од тендерот која имено требало да ја поседува пред добивањето на истиот.

Дополнително, банкарската гаранција од фирмата „ДИКОР ЦД“ кон грчката фирма за 25 машини во вредност од околу 200.000 евра од една македонска банка била уплатена дури на 27-ми ноември и дури потоа возилата влегле во Република Македонија. Во моментов истите се распоредени на неколку пунктови низ источна Македонија, и тоа Струмица, Штип, Сарамзалино итн.

Според нашите информации фирмата „ДИКОР ЦД“ на синот на Цветанка Иванова земала под закуп вкупно 25 возила од грчката фирма и целата сума на закуп за сите возила за цела сезона е во вредност од околу 40.000 евра. Што значи, синот на Цветанка Иванова, со вложени 40-тина илјади евра ќе заработи над 300.000 евра само за неколку месеци“, рече Јанушев.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Стајиќ на Фејсбук објави дека бил рекетиран, случајот ќе го пријави во Обвинителство

Редакција

Власта и опозицијата и денеска не се договорија за законот за ЈО, од кој зависи иднината на СЈО

Редакција

Околу 5.000 вработени во МВР добија бонус плата

Редакција