еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорноста за бегството на Груевски е во власта

Одговорноста за движењето, за методите и за начинот на бегството на Никола Груевски е во власта, кај аболицираниот криминалец Зоран Заев и кај неговиот одговорен министер за прогон и терор, Оливер Спасовски, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Со овој случај, и со менаџирањето на политичкиот прогон, Заев и Спасовски го допреа дното. Двајцата мора да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирање на институциите и разорувањето на Република Македонија.

Заев и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски мора да престанат да ја лажат јавноста. Тие во рацете ја држат целата безбедност и во такви услови велат дека не знаеле за движењето на Никола Груевски? Груевски е човекот против кого и со години тие водеа политичка хајка, фрлаа со дрва и камења и го третираа и го третираат како државен непријател број еден и сега сакаат да кажат дека не знаеле каде бил, каде се движел, на кој начин им избегал?

Го злоупотребуваат бегството, го прикриваат својот дебакл со лажно вперување на прстот кон ВМРО-ДПМНЕ. Ги впрегнаа институциите и во политичкиот прогон во полна смисла на зборот притвораат лица кои редовно ги исполнуваа обврските кон судот. Овие притворања се политичка казна, а не правна санкција. Ова е уште една злоупотреба на институциите за нивни политички цели“, рече Стоилковски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

МВР отвори две истраги за да утврди дали полицајци и надворешни лица му помогнале на Груевски да побегне

Обвинителство со предистражна постапка за тоа, кој му помогнал на Груевски во бегството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради позитивен ковид тест на дел од судечкиот совет, одложено судењето за организаторите за 27 април

Редакција

Ревакцинирани вкупно 758.001, трета доза примиле 1.039 граѓани

Редакција

Заев и Ципрас номинирани за Нобелова награда за мир од Социјалистите и Демократите, Зелените и Обединетата левица

Редакција