еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Законот за јазици

Законот за двојазичност е противуставен, донесен во нелегална процедура, а со тоа и штетен.

Ова се главните причини заради кои што ВМРО-ДПМНЕ денес поднесува иницијатива до Уставниот суд за оцена на уставноста на Законот за двојазичност, кој беше донесен на насилнички начин од страна на власта, со газење на Уставот, законите и процедурите за донесување и објавување на законите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Указот за прогласување на законот за двојазичност е објавен само со потпис на Талат Џафери и без потпис на Претседателот на државата – Ѓорѓе Иванов, што е во целосна спротивност на Член 75 од Уставот, кој предвидува указите за прогласување на законите задолжително да се потпишуваат од Претседателот на Република Македонија.

На указот на Законот за двојазичност стои единствено потписот на Талат Џафери, кој се потпишал во име на претседателот на држава – иако на претседателот на државата, ниту му престанала функцијата, ниту бил спречен да ја врши, што е уште една незаконитост спротивна на Член 82 од Уставот. Тоа значи дека во конкретниов случај не е исполнет ниту еден од условите указот да биде потпишан од Џафери во име на Претседателот на државата“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој додаде дека Талат Џафери и владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и Заев брутално го погазуваат Уставот.

„Законот за двојазичност е во целосна спротивност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој вели дека „На целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи, службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.“

Со Законот за двојазичност – македонскиот јазик се изедначува со секој друг јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и со тоа македонскиот јазик од кохезивен фактор во општеството се претвора во еден од двата службени јазици, што е незаконски и противуставно.

Дополнително власта врши прекршување и при носењето на законот, бидејќи Законот за двојазичност е закон кој уредува и прашања за употреба на јазикот во судските постапки и органите на државната управа и општините, кои според Член 98 и Член 119 од Уставот се носат со двотретинско мнозинство“, додаде тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Заев-Ахмети: За „метлата“ прво ќе водат разговори во СДСМ и ДУИ

Редакција

(Фото) Стартуваше вакцинацијата со руската вакцина „Спутник V“, досега вакцинирани околу 120 лица

Редакција

Анкета на ИРИ за локалните избори: СДСМ има рејтинг од 19%, а ВМРО-ДПМНЕ од 16%

Редакција