еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд во која ја обжалува одлуката на ДИК за гласањето во Ново Село

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот Суд во Скопје, во која ја обжалува одлуката на Државната изборна комисија, во однос на приговор на ВМРО-ДПМНЕ кој што се однесува на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на избирачкото место број 1789, за избор на градоначалник на Општина Ново Село, информираат од партијата.

“ВМРО-ДПМНЕ во тужбата бара да поништување на гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ во тужбата наведува дека е направена повреда на Изборниот законик, што е констатирано и од самата Државната изборна комисија, заради што таа одлучува да ги разреши избирачкиот одбор за ИМ 1789 во Општина Ново Село, како и целата Општинска изборна комисија за Ново Село, но спротивно на одредбите од истиот Закон Комисијата не одлучи да се прегласува на истото избирачко место.

ВМРО-ДПМНЕ оваа тужба ја поднесува заради фактот што резултатот на ова Избирачко место влијае на конечниот резултат за избор на градоначалник на општина Ново Село.

Очекуваме дека Управниот Суд Скопје воден од правото и позитивните законски прописиќе ја уважи тужбата со што ќе се исправи еден момент од изборниот инженеринг спроведен на последните претседателски избори“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Важечките лични карти, ќе може да се користат и по 13. февруари

Редакција

29 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале

Редакција

Се огласи Груевски: Два стана се на мајка ми, а другите два беа под закуп, нема на име на секретарка

Редакција