еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото

Денешната пресуда за случајот 27-ми април е резултат на политички монтиран процес, и е производ на евидентна неправда, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти.

Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу.

На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев.

Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи.

Оваа пресуда е нарачана и однапред позната.

Како поинаку да се објасни фактот дека против директорот на БЈБ кој учествувал во спречување на натамошна ескалација давале наредби за дејствување се гонат за тероризам, а заменик министерот кој не презема апсолутно ништо нема никаква постапка.

Македонија е држава каде што се гази правдата и владеењето на правото не постои, тоа на секому му е јасно.

Ова се очајни чекори на власта која губи.

Правдата ќе дојде многу скоро, а оваа недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и пресметка со опозицијата ќе биде поразена.

Нема ниту еден очаен чекор да ја спаси оваа власт. Заев паѓаш. Паѓаш и тоа вртоглаво. Биди сигурен дека правдата ќе дојде и правдата ќе победи. Тогаш секој еден ќе мора да се соочи со своите постапки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство

На реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ реагираа од СДСМ:

“Одбраната на насилството од 27 април покажува дека матрицата на Груевски функционира преку Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Со ставот дека казните против злосторниците во Нирнбершкиот процес биле драконски, ВМРО-ДПМНЕ и денеска застана во одбрана на фашизмот и злостроствата направени во Втората светка војна.

Освен во одбрана на фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно се во одбрана на насилствата од 27 април наместо да ги осудат.

27 април е еден од најтрагичните датуми од независноста па до денес.

Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство!

Тоа докажува дека матрицата на Никола Груевски за насилство, криминал и конфликти функционира и денес преку Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Заврши времето кога се нарачуваа и монтираа случаи, кога се вршеше политички прогон и кога се диктираа и пишуваа пресуди надвор од судовите, најчесто во белиот дворец.

Денес, обвинителството и судството работат независно и професионално, постапуваат согласно законите, во интерес на граѓаните, во служба на законите и правдината.

Република Северна Македонија е правна држава.

Мора да има правда. Одговорност мора да понесат сите оние кои го нарачале, организирале и извршиле насилството“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Да не ги помилуваа 300 години ќе беа“: Твитер за пресудите за 27 април

Пресуди за „крвавиот четврток“: Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, Игор Дурловски е ослободен…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсуството на судијата Ставрев го одложи „Топлик“

Редакција

Лажни се сите дојави за бомби во скопските училишта

Редакција

Нови рочишта за „Титаник 2“ и „Тревник“: Обвинети Тачи, Мијалков, Латас

Редакција