еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се исплашени, предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија

СДСМ се исплашени. Знаат дека народот веќе нема намера да ги трпи нивниот криминал и неспособност и затоа избегаа од одлука за распишување предвремени парламентарни избори.
Оставија Зоран Заев да донесе да одбере помеѓу интересите на народот и државата од една страна и интересите на криминалниот картел од друга, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Централниот одбор на СДСМ кој се одржа синоќа.

„Предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија, која оваа власт ја зави во црно. Црнилата се присутни секаде, во економијата, здравството, образованието, земјоделието, безбедноста, социјалната заштита, буквално во секој сегмент од општеството.

СДСМ две години не направи ништо за државата и граѓаните. Потрошија милијарди евра народни пари, а нема ниту еден проект. Сите инфраструктурни зафати од време на ВМРО—ДПМНЕ беа запрени, за сега по две години да продолжат таму каде што ВМРО—ДПМНЕ застана. Оваа власт буквално го исцеди народот. Наместо парите кај граѓаните, ни се случува парите да одат кај картелот на власт и нивните фирми.

СДСМ не бира начин како да земе денар повеќе од џебот на граѓаните, затоа ги покачија и даноците иудрија врз пазарџиите, само со една цел, да има повеќе пари за зделки во четири очи и милионски тендери на кои најчесто добиваат фирми основани непосредно пред објавување на огласите.
СДСМ ја претвори Македонија во криминална држава. Според индексот на корупција на Транспаренси, државата е на 107 место во друштво со земји како Танзанија“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ следната недела ќе одлучува за предвремени избори, а на 3 март ќе се знае кандидатот за претседател

Заев синоќа не присуствуваше на ЦО на СДСМ поради снегот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвор од 15 години за полов напад врз дете, изрече Основниот суд во Кавадарци

Редакција

14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година

Редакција

Шест новозаразени од корона вирусот во Кичево

Редакција