еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори: Можни датуми 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет

Членот на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, кој ја предводи Комисијата за изработка и систематизација на идеи и предлози за програма на партијата, синоќа пред почетокот на состанокот на ИК, најави дека се подготвуваат за избори.

Тој рече дека уставните измени се апсолвирани и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласаат истите.

Славески пред седницата рече дека во партијата ќе разговараат за вонредни парламентарни избори и за термините за нивното одржување: 25 ноември, 2 декември, 9 декември или на пролет.

„Првото прашање е подготовка на партиската инфраструктура, кое е почнато. Второто е подготовка на иновативната програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на вонредните парламентарни избори, макар тие да се одржат за месец и пол од овој момент. Ние сме во завршна фаза на подготовката на програмата. Има многу новини, проритет повторно е економскиот раст, мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави поранешниот министер за финансии, Славески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има ли исклучувања: Кои се членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Скопје го доби првиот Џин бар

Редакција

Игор Стефановски-Иџе ќе се бори за нова европска титула со силна поддршка од „Макпетрол“

Редакција

Пет стана, четири куќи и пет автомобили: Каков имот пријавил директорот на Инспекторатот за градежништво, за кој Антикорупциска бара кривична одговорност

Редакција