еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија се прислушува

Во Република Македонија во моментов незаконски се прислушува. Институциите и граѓаните по доаѓањето на однародената и криминогена власт се под целосен надзор на Заев и Спасовски, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора уште веднаш да поднесе одговорност со оставка.Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување кој е премногу сериозен и отвора прашања околу независноста и професионалноста на работењето на Јавното обвинителство.

Неколку пати кажавме дека Јавното обвинителство постапува по одредени политички цени. Кој и зошто ги слушал јавните обвинители и ја следел нивната комуникација? Дали на ваков начин се вршело влијание врз предметите и постапките кои се водат изминативе две години?ВМРО-ДПМНЕ го осудува, секое незаконско прислушување кое ја нарушува приватноста на граѓаните и служи за контрола и закана врз институциите. Ова е скандал, кој што мора веднаш да се расчисти и актуелната Влада да сноси одговорност“, изјави Арсовски.

Тој додаде дека постои сомнеж дека во моментов не се следат само комуникациите само на криминалните банди поврзани со картелот на власт.

„Бараме одговор и од новоформираната ОТА, и од надлежните судови и од ЈО и од УБК дали во моментов функционира системот за следење на комуникациите и дали воопшто се постапува барем по една наредба од надлежните органи за документирање на криминалитие на мафијашките кланови?Дали се што се слуша и следи во моментов е нелегално?Дали образложението за неследењето на криминалните банди е дека има одредени потешкотии?“, додаде Арсовски.

Фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да не „бомбардира„ и Груевски од Унгарија

Афера прислушување на Обвинителството и Основен суд Скопје 1: Кој не бил прислушуван?

Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов: Заев да не поднесува оставка, ништо не е завршено, туку е одложено

Редакција

„Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе“: Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за напредокот на Македонија

Редакција

Заев: Жената ги заслужува сите денови во годината

Редакција