еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за Годишната програма на Министерство за култура: Во игра е политика на поделба на „наши“, и „нивни“

Веќе втора година сведоци сме на нетранспарентно и скандалозно носење на Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за финансирање на проекти од национален интерес, рече денеска на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска.

„Ако во минатогодишната програма имаше дискутабилни проекти и партиско финансирање, годинава има програма за која нема кој нема реакции, почнувајќи од издавачката, драмската, музичко-сценската, музејската фела. Уште со новонаметнатите критериуми и исклучително нискиот буџет одобрен од страна на Владата, се дефинираше генерално потценувачкиот однос кон културата.

По овој невиден скандал, министерот за култура рече дека за него не би било проблем да си даде и оставка, но според она што го кажа, а во еден момент истото, само на различен начин го соопшти и премиерот Заев, требало првин да се види дали можеби во некои од случаите кои се одбиени, постоел проблем на несоодветно аплицирање. Токму тоа се прави, се разгледуваат одбиените проекти“, рече Лашкоска.

Таа додаде дека со ова еден сериозен проблем се сведува на ниво на административни пропусти.

„Не, овде не се работи за административни пропусти и суштината на овој голем проблем не е во одбиените проекти. СДСМ покажа и докажа на дело и во минатото и сега во овие две години дека имаат елементарно непознавање за културата. Немаат чувство на припадност кон сопствената култура и кон уметничките вредности во културата. Капитални инвестиции, нула. Заштита на културата, нула. Програма каде се уништуваат значајни манифестации, бренд на културата во Македонија“, додаде таа.

Лашкоска смета дека „овде се работи за многу сериозни работи кои навлегуваат во меѓуетничкото ткиво за кое многу водиме грижа, врз комплетното отсуство на критериуми.“

„Тука не се работи за културни вредносни критериуми, туку во игра е политика на поделба на „наши“, и „нивни“. Тука е она што најмногу боли. Со ова, Министерот ги потценува и своите албански културни дејци. Очигледно тој има потреба да се покаже, како спасител на нивната култура. Прашањето е од кого и на чија сметка? Од тие причини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата ќе поднесат барање за надзорна расправа за начинот на носење на годишната програма на министерството за култура за проекти од национален интерес и реализацијата на програмата за 2018 година“, објаснува Лашкоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Режисерката Бузалковска со писмо до Заев: Дава оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството

Милошески од Авалон шокиран од односот: На Министерство за култура не му се важни концертите на Стинг, Лени Кравиц, Ерос Рамацоти…

И Белопета во шок: Реномираниот „Скопски џез фестивал“ не доби пари од Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отец Пимен до Гоце Делчев: „Вади дневникот и пиши ни кецови, ништо не сме научиле“

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го постави Османи за шеф на преговрачки тим, а го обвинуваше за криминал

Редакција

Со изведување на докази од Обвинителство продолжува судењето за предметот „Шпански скали“

Редакција