еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска изјави дека Собранието не може повторно да заседава затоа што е распуштено и оти по ова прашање Уставот е јасен.

– Јасни се одредбите во македонскиот Устав, како и позитивните законски акти, така што еднаш распуштено Собрание не може да се врати и да заседава, рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето за свикување итна седница од страна на СДСМ.

Во однос на нов датум за парламентарни избори, тој кажа дека е дегутантно и нечовечко однесувањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на СДСМ, во услови кога многу луѓе се заболени од корона вирусот, илјадници луѓе губат работни места и за жал десетици фамилии ги изгубија своите најблиски, а многу луѓе се уште се борат за својот живот, кој било од политичарите да зборува за вакви теми.

-Ова е едно нечовечко однесување на СДСМ. Доколку решат повторно по стоти пат да го кршат Уставот, и да не се грижат за здравјето на граѓаните и економската благосостојба секако ВМРО-ДПМНЕ во тој момент ќе заседава во своите органи и ќе донесе одлуки, кои што ќе бидат на линија на Уставот, законите, но, пред се, на заштита на здравјето и економската благосостојба на граѓаните, рече Николоски.

Според него, СДСМ сакаат да се спасат од одговорноста за криминалите што ги направија.

Запрашан што ќе се случи со кандидатските листи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие се веќе потврдени од Државната изборна комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

Ќе се собере ли Собранието: СДСМ „за“, ВМРО-ДПМНЕ „против“, ДУИ допрва ќе се изјаснува

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странските медиуми јавуваат за оставка на Заев, од Владата велат дека ќе се донесе одлука во интерес на граѓаните

Редакција

(ВО ЖИВО) Дочек на Ципрас и грчката делегација на скопскиот аеродром

Редакција

На граничниот премин Богородица се чека половина час

Редакција