еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ за Извештајот на ЕК: Се додека Заев е премиер, нема датум за преговори со ЕУ

Владата на СДСМ пак излажа, датум за преговори со ЕУ и оваа година нема, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ сега и со промена на име на државата нема да почне преговори поради тоа што нема реформи. Заев треба да знае дека во ЕУ не се оди со партизирана администрација и непотизам од енормни размери. Се додека Заев е премиер Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека во ЕУ не се оди со „руинирано здравство и лошо образование, со јавен долг кој за една година порасна за над половина милијарди евра, со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници, со рекет на бизнисите и ограбување на граѓаните.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Што пишува во извештајот на ЕУ за Македонија?

Европската комисија препорача почеток на преговори со Македонија и Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски ќе го врачи мандатот за формирање нова влада

Редакција

Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот

Редакција

Детален преглед на состојбата со заболени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција