еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го постави Османи за шеф на преговрачки тим, а го обвинуваше за криминал

Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред три години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека „според стандардите на Заев, Бујар Османи кој до пред извесно време беше криминоген сега ќе треба да ја европеизира Македонија.“

„Зоран Заев е човек кој денес едно зборува, а утре друго. Република Македонија е жртва на неговата политика базирана на лаги, манипулации и тргување со националните интереси. Власта не води грижа ниту за државата, ниту за граѓаните. Зоран Заев и СДСМ ги кршат Уставот, законите и процедурите, за по секоја цена да го спроведат капитулантскиот договор.

Менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со 2/3 мнозинство и со консултација на опозицијата е гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните“, се вели до соопштението.

Фото: Билд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На „Рекет“ прикажани нови снимки на Камчев: Кичеец со „Луј Витон“, Боки 13 со друга торба

Редакција

Нови 127 случаи на Ковид-19 од 1.766 тестирања

Редакција

Убава вест: Оздравени 10 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.605

Редакција