еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев лаже, а кој лаже тој и краде

За луѓе кои немаат никакви чувствува кон македонскиот идентитет, историја традиција и култура, нема ништо болно и тешко во бришење на името Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на премиерот Зоран Заев за менувањето на Уставот.

„За мнозинството Македонци ова претставува национален срам и предавство. Зоран Заев нема проблеми еден ден да гарантира дека нема да го менувал Уставот, бидејќи бил одличен и европски, а веднаш потоа да прифати се што побарала Грција од него.

Нема проблем заради тоа што измамникот Заев знае дека мора да ги продава државните и национални интереси за да ги покрие криминалните тендери преку кои Вице и Кочо ги ограбуваат граѓаните. Зоран Заев лаже, а кој лаже тој и краде. Целокупниот процес поврзан со штетниот и капитулантски Преспански договор беше нетранспарентен и очекуваме да продолжи на истиот начин“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Може да бидат готови и за пократко од 15 дена: Заев најави дека уставните амандмани ќе се прават со опозицијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има тројца хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 51

Редакција

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија

Редакција

Поднесе оставка и „падна“ болна: Катица Јанева на боледување од 16 јули

Редакција