еМагазин
Image default
Балкан

Во Албанија нов рекорд на новозаразени со Ковид-19

Во последното деноноќие во Албанија регистриран е нов негативен рекорд во однос на бројот на новозаразени со Ковид-19.

– Од направените 420 тестови, позитивен резултат е добиен кај 90 лица, што е највисока бројка во едно деноноќие досега. Меѓу новозаразените е и косовски граѓанин кој бил на одмор во Драч. Истовремено, излекувани се 43, а починаа две лица, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита.

Од 9 март кога беа регистрирани првите два случаја кај татко и син, кои се вратиле од Италија, досега направени се 3.513 тестови, позитивен резултат е добиен кај 3.278, закрепнале 1.875, а починале 85 луѓе.

Активни на болеста се 1.318, од нив 81 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Тирана, од нив 11 се наоѓаат во серозна, а петмина во многу тешка здравствена состојба.

Поради зголеменот тренд на лица кои треба болнички да се лекуваат, највено е отворање на уште една ковид-болница, додека по предлог на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, Владата се очекува да донесе одлука со која носењето заштитна маска ќе биде задолжително, а ќе се воведе и парична казна за оние кои не ја почитуваат мерката за носење маски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најлош ден за Србија: Со Ковид-19 заразени 386, починати 18 лица

Рекорден број новозаразени со Ковид-19 во Хрватска, најавени се нови мерки

Ситуација со Ковид-19 станува сериозна во Црна Гора

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Приведен маж кој се обиде да стигне до грчкиот претседател

Редакција

Официјални резултати од изборите во Србија: Партијата на Вучиќ, СНС, доби 120 пратеници

Редакција

Грчка Река го поддржува Дoговорот од Преспа, но не и владата

Редакција