еМагазин
Image default
Балкан

Во Албанија за првпат троцифрена бројка на заразени со Ковид-19

Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 117 новозаразени со Ковид-19, што е прва троцифрена бројка од појавата на пандемијата.

Но, паѓа во очи и зголеменот бројот тестови направени во едно деноноќие. За разлика од досега кога максимум се правеа до 420, сега се направени 585 тестови.

Во последните 24 часа починати се двајца пациенти во Инфективната клиника, со што бројката на починати се зголеми на 95.

Паралелно со зголемувањето на бројот на новозаразни се зголемува бројот на хоспитализирани или 85, од кои 10 се на интензивна терапија, додека четворица се во тешка здравствена состојба.

Поради трендот на зголемување на лицата кои треба болнички да се лекуваат, Министертвото за здравство и социјална заштита, болницата „Шефќет Ндроќи“ повторно ја претвора во Ковид болница.

Од почетокот на пандемјата, на почетокот на март, досега направени се 32.938 тестови, а позитвен резултат е добиен кај 3.571 лице, од кои во списокот на оздравени се внесени 2.014, активни на болеста се 1.462 лица.

По предлог на Комитетот на експерти за справување со пандемијата, Владата се очекува да донесе одлука со која носењето заштитна маска ќе биде задолжително, а неносењето парично ќе се казнува.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 13 милиони лица

Унгарија на 15 јули воведува нови гранични правила поради корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во живо од „отварањето“ на плажите во Грција: Корона вирус, што беше тоа?

Редакција

Во Србија утре избори за Национални совети на националните малцинства, меѓу кои и на македонското

Редакција

(Видео) Грчките медиуми „полудеа„ по Стефанос Каселакис, новиот лидер на СИРИЗА

Редакција