еМагазин
Image default
Македонија

Во Обвинителство пристигнале 66 барања за амнестија: За 12 дадено позитивно мислење

Во Јавното обвинителство денеска пристигнале вкупно 66 барања за амнестија за настаните во македонското Собрание од 27 април минатата година, доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Како што соопштија од ЈО, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнале 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.

-Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер „прегреа“ за амнестијата и притворот: „Правна држава, жими ашимов“

Амнестија „кому иде“: Што да кажат затворените за кражба на ќебапчиња?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

78,3% од починатите од Ковид-19 имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Пристигнаа германските експерти за истрагата на пожарот во болницата во Тетово

Редакција

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 4.264 тестирања, во Тетово 13, во Скопје 12

Редакција