еМагазин
Image default
Македонија

Во Боговиње има 7, во Брвеница и Теарце по 5, а во Желино има 1 лице заболено со Ковид-19

Во општина Тетово има 19 од вкупно 37-те случаи на лица заболени од коронавирусот во регионот, објави денеска Кризниот штаб на општина Тетово.

Во Боговиње има 7, Брвеница и Теарце со по 5, а во општина Желино има едно лице заболено со Ковид-19. Општина Јегуновце нема заболени.

-Кризниот штаб формиран во рамки на општина Тетово уште еднаш ја повикува Народната банка да упати инструкции до сите банки во општина Тетово за да го прилагодат работното време на оваа вонредна состојба и да најдат модел на работа за исплата на пензиите, така што возрасните лица да не се собираат пред влезовите на банките, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа информира дека во градот продолжува дезинфекцијата и дератизацијата.

Општината уште еднаш ќе отвори повик и до сите маркети кои имаат целосна документација за својата работа и повеќе од двајца вработени до среда во 12 часот да можат да носат намирници за време на полицискиот час. Целта е сите граѓани навремено да бидат опслужени не само во градот, туку и по селата од општината.

Арифи упати и апел до граѓаните да ги следат официјалните информации за коронавирусот.

– Ова се моменти кога треба да бидеме истрајни во почитувањето на мерките што ги носат одговорните – Владата и Министерството за здравство. Да не подлегнуваме на лажните информации, туку да се раководиме по официјалните податоци, истакна Арифи.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: За Велигден полициски час од петок до вторник

Населението во Дебар ќе се тестира за стекнат имунитет на корона вирусот

(Мапа) Куманово „печен“ за карантин, кумулативната инциденца над 140

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија е најголема закана за Македонија, покажува анкетата Еврометар 2023

Редакција

25 од 28 починати лица од Ковид-19 имале коморбидитет

Редакција

(Аудио) Објавени две нови „бомби“ поврзани со затворањето на „А1 телевизија“

Редакција