еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во буџетот на општина Аеродром 400.000 денари за субвенции за инвертери, а над 4.000.000 денари за пи-ар услуги

Целосна хипокризија во однос на приоритетите демонстрира општина Аеродром со објавата дека ќе дели субвенции за набавка на клима инвертери. Имено, оттаму соопштија дека субвенцијата ќе биде 50 отсто од цената на инвертер климата, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход, како и дека во буџетот на Општина Аеродром за оваа мерка се предвидени 400.000 денари, што значи дека субвенции ќе добијат 27 домаќинства.

„Општина Аеродром субвенционира набавка на инвертер клими со цел намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите, за да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат во средства за нов начин на греење“, соопшти општината.

Оттаму заборавија да кажат дека во јуни годинава склучија договор за пи-ар услуги со вредност од 4,4 милиони денари или десет пати повеќе во однос на субвенциите што се доделуваат за намалување на загадувањето.

Договорот беше склучен со агенција за маркетинг комуникации и услуги „Меккен“ ДОО Скопје по основ на набавка на „услуга за информирање и едукација на јавноста за придобивките и одговорноста на граѓаните во единиците на локалната самоуправа преку креирање одржлив систем на комуникација и комуникациски менаџмент“.

По бурните реакции во јавноста, тогаш од општината соопштија дека договорот ќе биде преиспитан.

„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации. Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните. Граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување“, соопшти тогаш општината.

Сепак, и после неколку месеци нема епилог по овој случај.

Сега се наметнува прашањето зошто градоначалникот Златко Марин постојано манипулира со јавноста и граѓаните на општината.

Имено, тој најавуваше и дека ќе се забрани изградбата на спорната парцела кај Мајчин дом за која имаше и протести, но денес може да се види дека и оваа градба е речиси при крај.

Очигледно е дека со доделување по некоја субвенција за набавка на клима-инвертери тој се обидува со пи-ар да прикаже борба против загадувањето.

Неизбежен заклучок е дека општината попусто ги потроши милионите за толку слаб пи-ар наместо тие пари да ги дадеше за субвенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои документи Ви се потребни за алицирање: Општина Аеродром доделува субвенции за инвертер клими

Фото: Фејсбук/Златко Марин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“За Бесмира Македонија е Швајцарија“: Несудената конзулка хит на Твитер

Редакција

Надлежност ни е да информираме ако има сомнеж за бегство, велат од Агенцијата за национална безбедност за случајот со Камчев

Редакција

Како се лекував од Ковид-19 по две примени вакцини и колку тоа чини

Силвана Жежова