еМагазин
Image default
Балкан

Во Бугарија уапсен Романец во врска со убиството на новинарката Маринова

Бугарската полиција привела осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, изјавил владин извор запознаен со истрагата.

– Можеме да кажеме дека е приведен еден осомничен, рекол изворот без да открие други детали.

Претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи не сакал ниту да ја потврди ниту да ја демантира информацијата, наведувајќи дека Министерството подоцна ќе објави соопштение.

Во исто време, Бугарското национално радио јави дека државјанин на Романија е уапсен во врска со тоа тешко злосторство.

Бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова (30) во саботата беше брутално претепана, силувана и задавена во Русе, северна Бугарија, а нејзиното тело беше пронајдено во паркот во близина на реката Дунав.

Маринова беше новинар и уредник на бугарската телевизија ТВН и известуваше за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Грција згрозена од полициско насилство врз момче во Атина, регираше и Обвинителството и политичарите

Редакција

Косовската полиција потврди дека е убиено едно лице од групата што уби полицаец во северно Косово

Редакција

(ВИДЕО) Се пееше „Македонија славна“: Тензично и инциденти на прославата на Денот на независноста на Грција

Редакција