еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во Чернобил нема струја, може да има истекување на радиоактивни материи

Нуклеарната централа Чернобил, која е надвор од употреба по хаваријата во 1986 година, е целосно отсечена од енергетската мрежа и нејзините безбедносни системи не работат, објави денеска операторот „Укренерго“.

Нуклеарната централа е „целосно исклучена од системот за диструбуција на електрична енергија“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на „Укренерго“, нагласувајќи дека поради воените операции „нема можност за обновување на електричните линии“.

Прекинот на струја, како што соопшти „Укренерго“ може да предизвика истекување на радиоактивни материи, бидејќи не работи системот за ладење на истрошеното нуклеарно гориво.

Властите во Украина не ги знаат нивоата на радијација во нуклеарната централа Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако беше окупирана од руски војници, изјави денеска министерот за енергетика Херман Халушченко.

Тој рече и дека Украина исто така нема контрола врз она што се случува во окупираната нуклеарна централа Запорожје, каде, како што вели, се стационирани 400 руски војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекинат е далечинскиот пренос на податоци: Што се случува во Чернобил, една од нуклеарките во Украина

Може ли да ни се случи „втор Чернобил“, Украина има четири големи нуклеарни централи

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Игор Јанушев, кој доби условна казна за набавката на кинеските автобуси

Редакција

Ниту сум дозволил, ниту сум забранил отворање приватен македонски клуб, вели градоначалникот на Благоевград

Редакција

Намалување од 48,3% на бројот на заболени од Ковид-19 во однос на минатата недела

Редакција