еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Во црква може, во шума не може: Чудната логика предизвика „социјален пожар“

Голем број граѓани на социјалните мрежи реагираа на вчерашната одлука да се воведе забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 06:00 до 20:00 часот.

Забраната започнува да важи од денеска и ќе трае се до нејзино отповикување, а се воведува на барање на „Национални шуми“ поради зголемена опасност од пожари.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Дел од граѓаните се револтирани, бидејќи со оваа забрана дополнително се ограничува движењето на населението кое веќе е во своевиден карантин поради мерките за спречување на корона вирусот.

Од сега, и оние категории граѓани што имаа слобода на движење во претпладневните часови и кои го користеа тоа време за да се качат на Водно или некое друго место за рекреација низ државата ќе бидат принудени да се шетаат во урбани средини.

Во период кога се замижува пред опасноста од ширење на корона вирусот во црквите каде со иста лажичка се дава причест на верниците, прашање е каква е логиката и оправданоста од воведување забрана за излегување во шума во период кога температурите не се превисоки за да има опасност од пожари и кога е забрането групирање на луѓе што би довело до евентуално ширење на заразата од корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попусто полициски час ако верниците ги преплават црквите пред Велигден

Отец Пимен: Немате слушнато дека може да се причестуваме без пост и кога ќе спласне пикот на короната?

Советот за безбедност одлучи да има уште 30 дена вонредна состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев, Пендаровски и Џафери на божиќен ручек и именден кај г.г Стефан

Редакција

Започна судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Општина Струга склучи договор со “Енерџи деливери солушнс“ вреден 487,8 илјади евра

Редакција