еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни 40

Во изминатото деноноќие во Дебар потврден е уште еден случај со Ковид-19, со што вкупната бројка на Ковид дијагностицирани се зголеми на 92, од нив тројца од општина Центар Жупа.

Од нив 41 се во втората фаза од пандемијата, која во ова општина се врати на 5 јуни, кога болеста беше дијагностицирана кај жена од село Долно Косоврасти, по точно педесет дена од последниот случај од првата фаза на болеста.

Битката со опасниот вирус ја добиле 48, од вкупната бројка заразени. Четворица почина, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа. Моментно активни на болеста се 40 лица.

– Главната причина за повторната појава, која секојдневно станува се позагрижувачка, е непочитувањето на пропишаните заштитни мерки и протоколи од страна на граѓаните и деловните субјекти. Затоа апелирам до сите строго да ги почитуваат мерките за заштита и пропишаните протоколи, апелира градоначалникот Хекуран Дука.

Во меѓувреме расте бројот на лицата кои добиваат казна поради неносење заштитна маста.

– Во изминатото деноноќие полициските службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар, констатирале 18 прекршоци за неносење лична заштита на лицето. Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на Ковид-19, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Во последните три дена, полициските службеници од дебарското ОВР, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, по истиот основ, прекршочни платни налози им издале на триесеттина лица.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

13 новозаразени со Ковид-19 во Тетово, двајца од Боговиње и по еден од Желино, Јегуновце, Теарце и Брвеница

Новозаразени со Ковид-19 од скопјанец, кој дошол на гости во Штип

Чаир недостижен: Детален преглед на заразени со Ковид-19 по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако бугарските здруженија не ги сменат имињата, ќе бидат избришани од Регистарот, најавија од Централен регистар

Редакција

(Видео+Фото) СДСМ објави лична карта на Даниела Арсовска од Петрич

Редакција

Пендаровски: Немам никакво разбирање на барањето за референдум, станува збор за манипулација

Редакција