еМагазин
Image default
Македонија

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Неколку лица се приведени во селото Ерџелија, поради сомнение дека се вмешани во изборен поткуп.

Како што соопшти МВР денеска во шест часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и полициската станица при ОВР Свети Николе во содејство со полициски службеници од СВР Штип при Бирото за јавна безбедност извршиле претрес кај четири лица од Ерџелија.

Кај З.З., И.В. (пронајдени се 4.000 денари и пропаганден материјал од политичката партија, додека кај неговите родители со кои живее во заедница пронајдени се 60.000 денари во апоени од по 2.000 денари), Д.В. (пронајдени се 3.500 евра и пропаганден материјал од политичка партија) и С. И. (пронајдени се 10.000 денари, пропаганден материјал на политичка партија).

При претресот во едно возило паркирано во двор на С.И., а истото во сопственост на Б.Т., исто така од Ерџелија, пронајден е список на 20 лица.

Во врска со пронајдениот список повикано е лицето Б. Т. и истиот при разговор признал дека во месец мај од страна на СВР Штип му била поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што истиот се обратил кај С.И.,а тој му ветил дека ќе му помогне доколку Б.Т. обезбеди 20 гласачи за политичката партија.

По ова ветување, Б.Т., направил список, разговарал со лицата од списокот и ги убедил истите да гласаат за оваа партија за да му помогнат да не оди во затвор. По ова, Б.Т. заедно со С.И. списокот на потенцијалните гласачи го предале во политичката партија.

Извршена е консултација со ОЈО Свети Николе, по што дадени се насоки сите наведени лица да се лишат од слобода, да се изврши разговор со сите лица на списокот, како и со други лица кои се поврзани со наведените, да се провери потеклото на парите и пропагандниот материјал.

По извршените проверки и дадениот исказ на Б. Т. пред јавен обвинител во Свети Николе е констатирано дека постои кривично дело по член 162 ст.1 од КЗ и дадени беа насоки да се извршат консултации со надлежното основно јавно обвинителство во Штип, по што беше констатирано истото кривично дело. С.И. е задржан во полициска станица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се наложува Сашо Мијалков веднаш да биде пуштен и да се брани од слобода, велат од Основен кривичен суд Скопје

Редакција

(Фото) Можен ризик од одрон на карпа од 20 тони над браната Матка, надлежните да ја проверат состојбата, апелира Ангелов

Редакција

Османи: Секое одложување на ЕУ перспективите може да има сериозни регионални последици

Редакција