еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Во ЕУ примената на РДФ е широко прифатена: Видео од фабриката ДЕКО од каде се увезуваше РДФ во Македонија

Македонското Собрание минатата недела ги усвои измените на Законот за отпад со што се забрани увоз на преработки од неопасен отпад РДФ што се користат како енергенс во строго контролиран процес.

Употребата на РДФ беше целосно во склад со регулативата на ЕУ.

Увозот на отпад за други цели во земјава продолжува, бидејќи измените на законот забранија стриктно само забрана на енегенс добиен од преработки на отпад – РДФ.

Во ЕУ, примената на РДФ во цементната идустрија и во други постројки се практикува повеќе од 30 години. Над 200 цементарници во ЕУ користат РДФ како енергенс.

На пример словенечката цементарница „Салонит Анхово“ има добено награда од Европската банка за овнова и развој за „Енергетска одржливост“ токму за користењето на РДФ.

„Салонит Анхово“ со употреба на РДФ задоволува 60% од вкупните потреби за енергенси, а планира процентот да го зголеми на 75%. Според ЕБРД, со употребата на РДФ, „Салонит Анхово“ ги намалил емисиите на CO2 за 10.000 тони годишно.

Пред да се донесат измените на овој Закон, УСЈЕ увезуваше РДФ од италијанаката фабрика ДЕКО.

Екипата на 360 степени, беше во посета на фабриката во Италија од каде што УСЈЕ го увезуваше РДФ и сведочи за високата технологија и контролираниот процес на производство на РДФ, кое се користи во цементарниците во земјите од ЕУ.

Погледнете ја видео сторијата на 360 Степени:

Фото/видео: 360 Степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поразително за човештвото: Голем дел од природата веќе е изгубена, а она што ни е останато, продолжува да се уништува

Редакција

(Видео) Огромен број граѓани излегоа на Маршот за чист воздух

Редакција

Скопје заостанува две децении од современа, чиста, функционална метропола, велат од О2 Иницијатива

Редакција