еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во ГОБ „8 Септември“ излекуван 20 годишен пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.

“Ова е шестти познат случај во светот каде Ковид-19 развил ваква клиничка слика – велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек.

Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со Ковид-19. Тие се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени.

Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се“, пишува Филипче.

Телевизијата Телма објави дека станува збор за 20 годишен пациент.

“Со брза помош и со количка, 20 годишен пациент позитивен на Kовид-19 пред околу две недели бил донесен од Клиниката за неврологија во ГОБ “8 септември“ со симптоми налик на мозочен удар.

Докторите ги направиле сите испитувања и откриле дека всушност станува збор за воспаление на мозокот енцефалит.

Од респираторниот тракт, вирусот Ковид-19 преку крвта успеал да стигне и да го нападне мозокот, предизвикувајки сериозна клиничка слика“, објаснува за Телма, д-р Илија Здравков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа шест нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 368

Рекордна бројка на оздравени од корона вирусот: 336 од кои 113 во Скопје

Чаир останува на врвот по активни случаи на Ковид-19, следат Гази Баба, Аеродром, Бутел и Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Целосна програма за ВиноСкоп 2023: Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна и Пајак на фестивалот на виното

Редакција

Убава вест: 761 оздравени од Ковид-19

Редакција

Во Велес двајца новорегистрирани со коронавирусот, бројката се искачи на 36

Редакција