еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Со Грција ќе се отвараат два нови гранични премини, едниот кај Мајден, другиот кај Маркова нога

Министерството за надворешни работи на Грција ги достави до грчкиот Парламент двата нацрт закона по потпишаните договори во Скопје за отворање на нови гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција, едниот кај Мајден, другиот кај Маркова нога, а во вториот, вклучени членови и за подигнувањето на Канцеларијата за врски во Скопје на ниво на амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат, јави дописничката на МИА од Атина.

Едниот предлог закон е под наслов „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин меѓу двете земји, што ќе ги поврзува Промахи во Република Грција со Мајден во Република Северна Македонија“, а вториот под наслов „Ратификација на Договорот меѓу Република Грција и Република Северна Македонија во врска со воспоставување нов граничен премин во регионот на Преспанското езеро и други одредби“.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, нацрт законите, прво, во текот на следната седмица, ќе се разгледаат на надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, а потоа ќе бидат доставени за ратификација на пленарна седница во Парламентот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Домаќинот на „Отворен Балкан“, Вучиќ ги пречека Димитров и Рама во Белград

Редакција

Во Врање досега вакцинирани 12.006 македонски граѓани со прва доза и 9.392 со втора доза

Редакција

„Иницијатива 8“: Предлог-платформа за трилатерална соработка меѓу Македонија, Бугарија и Албанија

Редакција