еМагазин
Image default
Балкан

Во грчкиот Парламент обезбедено мнозинство за ратификација на Договорот од Преспа

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.

„Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да види дека постои реално мнозинство за да помине Договорот од Преспа и да биде ратификуван од грчкиот парламент. Според тоа, не постои никакво прашање, никаква причина за нас, да отвориме во овој момент предизборна дискусија, изборна дискусија или нешто такво“, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор на Грција

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија само со ПЦР тест, ценатата за странци е 153 евра и 76 евра за српските државјани

Редакција

Почна изградбата на гасоводот меѓу Србија и Бугарија, ќе може да снабдува со гас и други земји од Западен Балкан

Редакција

Коѕијас поднесе оставка поради Договорот од Преспа

Редакција