еМагазин
Image default
Балкан

Во Грција повеќе позитивни туристи на корона вирусот од патните мрежи, отколку од авиолиниите

Ме загрижува одредената опуштеност, но од друга страна со смиреност и професионалност и со план ќе се справиме, чекор по чекор со било која ситуација и да произлезе, вели министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Стар“.

Во однос на позитивните случаи на Ковид-19 кај туристи кои доаѓаат во Грција, Кикиљас вели дека повеќето се од копнената граница.

– Процените се дека до денес, повеќе случаи имаме од патните мрежи што водат до нашите граници, отколку од летовите од авиолиниите. Сепак, ова е динамично и може да се смени, да се менува во секој момент, рече Кикиљас и порача дека и грчките граѓани и туристите треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.

И покрај зголемениот број случаи во Грција во изминатите денови, министерот за здравство потенцира дека ситуацијата е под контрола и нема да остават да излезе од контрола.

Додава дека Комисијата за заразни болести секојдневно има состаноци и на дневна и седмична база ги разгледува и оценува епидемиолошките податоци.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Одмор од кошмарот во Родос: Поради пожарот грчкиот остров масовно го напуштаат туристи

Редакција

Грчка Влада: Jа поддржуваме ЕУ перспективата на регионот, но никој не може да спречи земја членка да покренува свои прашања

Редакција

Поради големиот број на заразени со Ковид-19 во Хрватска, сите поголеми болници во Загреб стануваат ковид-центри, се подготвува и Арена

Редакција