еМагазин
Image default
Бизнис

Во интерес на здравјето на граѓаните, СКМ бара стриктна примена на законите за употреба на дезинфициенси на пазарот

Во оваа вонредна состојба, кога се води голема битка за здравјето и животите на граѓаните, мора да се преземат сите можни чекори за нивна заштита. Заради тоа, мора да се обезбеди стриктна примена на законските одредби во врска со продажбата на биоцидни производи на пазарот (дезинфициенси за раце, за површини и за подови), велат од Стопанската комора на Македонија (СКМ).

“Ова е особено важно во постојните услови на нивно енормно користење.

Според регулативата, секој добавувач за да стави дезинфициенси во промет треба да поседува дозвола, односно решение, за ставање во промет на биоцидни производи, издадена од Министерството за здравство.

За да се знае точно кој производ е одобрен, надлежните институции треба во најкус можен рок да ги ажурираат информациите на соодветната интернет-страница (www.hemikalii.gov.mk) со објавување само на важечките решенија од Министерството за здравство.

Истовремено, треба да се известат сите учесници во синџирот на дистрибуција, но и сите државни институции, за тоа кои биоцидни производи, односнo дезинфициенси смее да ги има во продавница или смеат директно да се набавуваат, за притоа корисниците да не бидат доведени во заблуда.

Тогаш ќе се олесни и работата на инспекциските служби за спречување на ставање во промет на дезинфициенси за кои не е издадено одобрение од Министерството за здравство.

Значи, Стопанската комора на Македонија во суштина инсистира на стриктна примена на Законот за хемикалии, Законот за трговија и Законот за индустриска сопственост.

Само така ќе се избегнат сите ризици и какви било несакани ефекти врз здравјето на населението поврзани со употребата на дезинфициенси„, велат од СКМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Dezintal 0,2% во ново пакување

(Фото) Бидете внимателни: „Алкалоид“ известува за фалсификати дезинфициенси на пазарот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието на авиобилети ќе потроши 13.000.000 денари

Редакција

Во ЈП „Жабени“ си делеле плати повисоки од договорените

Редакција

Маркетот на Лидл во Битола ќе биде изграден до следното лето, до него ќе има и трговски комплекс

Редакција