еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Во Кавадарци падна Лото7: Уплатил 100 денари добил близу 500.000 евра

Во 5тото коло одржано вчера (8ми мај 2019та) падна првата 7ка од играта Лото 7 во Кавадарци. Извлечените броевите 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930 денари или околу 476.000 евра.

„Ова е до сега најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. 7ката во своите досегашни посети, беше по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје“, информираат од Државна лотарија.

Среќниот добитник уплатил пет комбинации Лото 7, од кои добитна е третата. Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажното место Браво Нутс, во близина на старата автобуска станица во Кавадарци.

Фото:Фејсбук/Марјана Станојковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едвај ја чекаме Атиџе на црвениот килим: „Оскарите“ може да ги гледате на телевизија „Телма“

Редакција

(Фото) НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

Редакција

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ ќе се одржи од 19 до 26 август

Редакција