еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во кои делови на Македонија се регистрирани најсилните земјотреси

Неколку земјотреси регистрирани деновиве на Балканскиот полуостров, вклучувајќи го и катастрофалниот во Албанија, беа почуствувани и во Македонија.

Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Македонија.

Територијата на земјава е релативно трусно подрачје. Во Македонија има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.

На 4 април 1904 година, Пехчево било разурнато од силен земјотрес, чиј епицентар бил меѓу Пехчево и Кресна. Земјотресот бил со интензитет од 10 степени според Меркалиевата, т.е. 7,8 степени според Рихтеровата скала, со што тој е најсилниот регистриран земјотрес на Балканскиот Полуостров.

Иако не постојат прецизни податоци, сепак бројот на жртвите бил минимален, бидејќи најголемиот дел од куќите биле ниски и изградени од дрво и кал.

Oд поново време се памети земјотресот во Скопје. На 26 јули 1963 година во 5:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес почувствуван со 9 степени по меркалиевата скала и јачина М=6,1 по Рихтерова сеизмичка скала, а помали потреси имало до 05:43 часот.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, а биле повредени над 4.000 граѓани.

Користени материјали од Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот премиер Јанев испратил помош за пожарите во Македонија оти жителите во блискуграничните градови дишеле чад

Редакција

Поскапе струјата за корисниците од третиот и четвртиот блок, поевтини за тие од првиот

Редакција

Несекојдневна измама: Маж од Кочани „лекувал“ штипјани за пари и злато

Редакција