еМагазин
Image default
Македонија

Во Косово уапсени Красниќи и Точи кои беа барани со потерница од МВР

Од страна на косовското Министерство за внатрешни работи во текот на минатата недела од слобода се лишени лицата Бесим Красниќи и Фадил Точи кои се барани по потерница издадена од страна на Министерството за внатрешни работи за извршени тешки кривични дела, информира денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот фејсбук профил.

Акцијата за приведување на двете лица, како што нагласува, е реализиранa во непосредна соработка и комуникација помеѓу Интерпол во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја.

„Согласно информациите со кои располагам понатамошната постапка за екстрадиција ја координира Министерството за правда“, вели Чулев и додава дека МВР и понатаму презема мерки и активности за целосно и неселективно спроведување на законот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за тунелот кој го ископаа затворениците во Идризово траела два месеци

Редакција

Од денеска ќе се стави во функција новиот мобилен пункт за тестирање во Свети Николе

Редакција

Боки 13 имал дупка во желудник, ако не бил опериран ќе настанела сепса, вели неговиот адвокат

Редакција