еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 19 нови пациенти поради компликации од Ковид-19, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 470 лица сомнителни и потврдени Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно осум приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, еден болен е хоспитализран на Клиниката за дерматовенерологија, а двајца на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени четворица во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациенти,“ се вели во соопштението.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 56 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 11 пациенти.

„Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, од кои 11 деца и 21 возрасен.

Вкупно 470 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември,“ се додава во соопштението.

Се очекува во текот на наредните два дена да почне со работа и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот министер Маас без одговор дали со барањата на Бугарија се менуваат фудамените на ЕУ

Редакција

Преговорите за влез на Алијансата за Албанците во Владата во завршна фаза

Редакција

Континуитет на Илинден и АСНОМ и носење клучни одлуки наместо враќање во изолација, порача Ковачевски од скопското Кале

Редакција